Рајот на земјата има име и се вика Тиба (фото)
- Детали
- сабота, 22 април 2017
Никаде не е како дома, но „Каса Тиба“ лоцирана во Бразил само на стотина метри од познатата плажа Транкосо, би ја менувале дури и за својот сладок дом.
Ова неверојатно уредено архитектонско здание порано служело како грнчарска работилница на познатиот уметник João José Calazans.
Во 2010 година француски иселеник го купил имотот трансформирајќи го во удобен пријатен хотел од 500 м2, истовремено задржувајќи го нејзиниот автентичен стил.
Каса Тиба е како рај на земјата, тип на простор кој те охрабрува да ги оставиш сите грижи на вратата и да го прегрнеш едноставниот живот. Целосно опремена за да ги задоволи сите потреби на гостите, круната на Тиба е веројатно тиркизниот базен во кој сакаме длабоко да нурнеме.
Целиот мебел во куќата е изработен од камења и дрвја од регионот од страна на локални уметници. Луксузната градина е преполна со бананови дрвја, палми и егзотични цвеќиња.
Веројатно Тиба е она што ни е потребно на сите. Погледнете како изгледа рајот на земјата:
(О)Милена | Црнобело