Стан во кој секој ден е пролет
- Детали
- понеделник, 20 февруари 2017
Пролетта е сè поблиску, па вистинско време е да размислите дали и како ќе ја внесете магијата на новото годишно доба во домот.
Ентериерот кој ви го претставуваме во продолжение е вистинска инспирација за таа намена. Станот е со површина од близу 80 метри квадратни, а восхитува со светлината, свежината и игривоста.
Пастелните зелени нијанси, сончево жолтата и нежно сината, во комбинација со пријатните дрвени допири и вештачката трева како детаљ, совршено ги пресликуваат мотивите на природата во просторот, давајќи му неодоливо привлечна пролетна нота.
Покрај естетиката, не е за занемарување ниту функционалноста на дизајнот, кој е компактен, одлично испланиран и комплетно ги задоволува потребите на младо семејство со мали деца.
Погледнете како е уредено секое катче од овој живописен дом и одберете ја омилената идеја за вашиот животен простор:
М. А. | Црнобело