Дубаи ќе има хотел со сопствена дождовна шума

Најновото архитектонтско чудо кое ќе се појави во Дубаи е хотел кој во себе ќе содржи сопствена дождовна шума.

Dubai-go-gradi-prviot-hotel-so-sopstvena-dozdovna-suma-01

Предвиден да се отвори и почне со работи во 2018-та година, хотелот кој ќе го носи името „Rosemont Hotel and Residences“ ќе се протега на повеќе од 185 илјади квадратни метри и ќе вклучува хотел, станбен и рекреативен простор, вештачка плажа како и базен со стаклено дно кој ќе се протега над улиците на Дубаи.

Хотелот дизајниран од архитектонското студио „ZAS Architects“ ќе биде составен од 47-катна кула која веднаш до себе ќе има уште една таква кула која ќе се користи како станбен комплекс и ќе вклучува 280 апартмани.

Дождовната шума која е предвидена да зафаќа околу 7 илјади квадратни метри ќе биде сместена во делот наречен „подиум“ кој ќе претставува основа за двете кули.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најмагично украсени локали низ Македонија: Спектакуларни елки, сијалички, мечиња Ако сакате да посетите место кое потсетува на новогодишна бајка, каде треба да п...
Предлог места во Македонија за продолжен викенд (каде може и да преспиете) Продолжените викенди се посебен тип на уживање, зарем не? Особено ако ги минеме ...
9 ресторани во Ниш за викенд ручек (со врвна скара и дуњовача) Ммм, одлична скара и ракија од дуња... Звучи привлечно, зарем не? Ајде на викенд...
Илија од беровско направил оаза од кактуси во станот во Скопје: „Гостите се воодушевуваат“ Погледнете како со малку креативност и многу цвеќиња може да се направи вистинск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg