9 работи од домот од кои треба да се ослободите пред крајот на 2020-та
Скршени шолји за чај, стари перници, изветвени пешкири се само дел од работите кои треба да ги фрлите веднаш за свеж старт на 2021-ва година.
Ви ве верува ли? Крајот на 2020-та е речиси тука. Годината која ќе ја паметиме по пандемијата конечно завршува.
Симболично во таа чест треба да се ослободите од некои натрупани работи во домот, кои само ви предизвикуваат стрес, а не ви се корисни.
Работи кои треба да ги фрлите пред крајот на 2020-та:
Стари, пожолтени и сплескани перници
Време е да инвестирате во нови, затоа што добриот сон е клучен.
Свеќи изгорени до половина
Направете место на нови празнични свеќи, кои ќе ви го разубават домот.
Закачалки со различни бои и големини, кои ве нервираат со години
Вашиот гардеробер изгледа несредено во нив, а инвестицијата во нови закачалки навистина нема да ве чини многу.
Стара зимска облека која одамна не ја носите
Исперете ја, спакувајте ја во кутии и донирајте ја, многу луѓе се во криза поради пандемијата, ќе ги развеселите.
Продукти со поминат рок
Од фрижидерот до тоалетот, направете детална проверка во домот и фрлете сѐ што е со поминат рок.