Масло во мијалникот и уште 8 грешки кои ги правиме дома и си создаваме главоболки
Посадувате големи дрвjа веднаш до домот
Ова можеби нема да има големо влијание врз вашето здравје, но дрвјата можат да предизвикаат материјална штета. Дрвјата имаат големи корени, па ако ги посадите веднаш до домот, тие можат да стигнат и до темелот на куќата.
Според експертите, најдобро е да ги посадувате дрвјата на растојание од околу 5 метри од куќата, а грмушките и сличните растенија можете да ги посадите на растојание од околу 2,5 метри.
Често перење на тепихот
Ако многу често го перете тепихот, тој дефинитивно ќе се оштети, особено ако е направен од поевтини материјали. Истовремено, ако тепихот не се исуши добро, влагата од него може да биде погодна за мувла и секакви бактерии.
Сосем доволно е да користите правосмукалка 1-2 пати неделно, а однесете го тепихот на перење еднаш или двапати годишно.
Ја затворате вратата од пералната
Ова не значи дека вратата од пералната треба постојано да биде отворена, но откако ќе заврши со перење, извадете ја облеката и оставете ја некое време.
Ако ја затворите веднаш, влагата од внатрешноста нема да се исуши, па пералната ќе стане место погодно за развој на бактерии.
Премногу цвеќиња во спалната
Растенијата се одличен начин да го освежите просторот, но не треба да претерате.
Ако имате цвеќиња со силен мирис, најдобро е да не ги чувате во спалната. Исто така, во текот на ноќта, кога нема фотосинтеза, растенијата емитуваат јаглероден диоксид. Ова можеби не е штетно количество, но ако сте забележале дека имате проблеми со дишење и слично, најдобро тргнете ги растенијата од спалната.
Премногу сувенири и украси
Сигурно веќе ви е јасно дека колку повеќе предмети имате во домот, толку повеќе ќе имате за чистење. А, ретко кој има време секојдневно да бриши прашина.
Ако имате многу непотребни украси во домот, тие се одличен „магнет“ за прашина, која, пак, може да биде причина за алергиски реакции и проблеми со дишењето Исто така, кога имате многу предмети во домот, тој речиси никогаш нема да изгледа средено.
Затоа, добро размислете што навистина ви треба и што навистина ви значи од предметите низ домот, и ослободете се од останатите.
Спирова С. | Црнобело