Кои работи треба да ги перете почесто, а кои поретко?
Навлаки за перници и чаршафи
На постелнината на креветот се собира прашина, мртва кожа, бактерии и разни микроорганизми. Па, за да избегнете здравствени проблеми, перете ја постелнината на секои 10 дена.
Особено внимание обрнете на навлаките за перници, бидејќи тие се валкаат најмногу и перете ги на секои 5 дена.
Ќебе и прекривач за кревет
Нема потреба да го перете прекривачот за креветот секоја недела. Доволно е да го перете на секои два месеци.
Ќебињата од друга страна, треба да се перат почесто, односно еднаш месечно.
Јакна и капут
Јакните треба да ги перете на трите месеци и не почесто. Истовремено, секогаш перете ги со студена вода.
Но, повеќето капути не се перат, па немојте никако да ги ставате во перална. Доколку го извалкате, прочитајте ја етикетата или однесете го на хемиско чистење.
Перница и јорган
Бидејќи нечистотиите од кожата и косата навлегуваат во перницата преку навлаката, таа може да стане погодно место за развој на габи. Најдобро е да ги перете перниците на секои 3 месеци.
Јорганите не се валкаат колку перниците, па доволно е да ги перете на 6-те месеци.
Драперии и завеси
Драпериите се од подебел материјал и доволно е да ги перете еднаш годишно. Но, важно е редовно да ги чистите со правосмукалка.
Тенките завеси од друга страна, лесно ги апсорбираат нечистотиите, па перете ги најмалку еднаш на секои 6 месеци.