Кои работи треба да ги перете почесто, а кои поретко?
Знаевте ли дека дури 90% од облеката што ја перете не е воопшто валкана? Истовремено, се покажало и дека луѓето ретко ја перат облеката што треба да се пере почесто.
Па, погледнете кои парчиња облека ги перете пречесто, а на кои најверојатно заборавате:
Хеланки и фармерки
Честото перење на фармерките им ја уништува формата и ги избледува. Покрај тоа, високата температура може и да ги стесни.
Најдобро е да ги перете фармерките што е можно поретко, и тоа со ладна вода и превртени опаку.
Хеланките, пак, лесно ја апсорбираат потта, па треба да ги перете после секои 2-3 носења.
Спортски и обични градници
Нема потреба да го перете градникот после секое носење. На овој начин ќе ја зачувате неговата форма многу подолго.
Спортските градници од друга страна, треба да се перат после секое носење.
Килимче во тоалет и крпи
Крпите би требало да ги менувате после 3-4 употреби. За да го намалите бројот на перења на еднаш во две недели, можете да користите 2 крпи. На овој начин искористената крпа ќе има време да се исуши, додека ја користите другата.
Килимчето во тоалетот се валка лесно, па би требало да го перете барем еднаш неделно.
Бејзбол капче и зимска капа
Ако не ја носите истата капа целата сезона, можете да ја перете на два месеци или околу 3 пати во сезона.
Бејзбол капчето се препорачува да го перете рачно со студена вода, околу 2 пати во сезона.