10 работи кои не треба да ги чувате во подрум, а сигурно половина од нив ви се таму
Мебел
Исто така и мебелот може да фати влага и мувла во подрум, па зошто би го чувале толку време ако на крајот се неупотреблив?
Стара облека
Секое друго место е подобро од подрум – молците сакаат облека, посебно кожена, крзнена и од волна, а подрумот е за нив мини рај.
Електронски уреди
Ако сакате да ги сочувате старите уреди кои моментално не ги користите, ставете ги на друго место, бидејќи влагата и непријатната температура во подрумот, може да ги уништо.
Важни документи и фотографии
Влагата и водата може целосно да ги уништат овие документи, хартии и фотографии кои сте мислеле дека ќе ги сочувате. Ако немате друг избор, барем спакувајте ги во пластични кутии претходно.
Храна
Иако сите се одлучуваат зимницата и резервите на храна да го чуваат во подрум, сепак мора да бидете свесни дека овие простории може да имаат инсекти, а привлекуваат и влага, па тоа не ѝ годи на храната.
М. М. | Црнобело