10 работи кои не треба да ги чувате во подрум, а сигурно половина од нив ви се таму
Оние кои имаат подрум знаат колку овој простор ги спасува кога треба да ѝ најдат место на зимницата, на старата детска облека, книги или играчки кои не се користат, но дали е тоа добро место за складирање на овие работи?
Подрумот е ладна, затворена и темна просторија, па иако некогаш ви личи на одличен избор за складирање, на некои работи не им е место таму.
За да не направите грешка поради која ќе се каете, следниве работи не ги чувајте во подрум:
Играчки
Кадифените играчки собираат многу прашина, влага и привлекуваат инсекти, па дури и глувци, па со тек на време може да бидат уништени или потенцијален извор на зарази.
Книги
Освен што со тек на време ќе пожолтат и лепакот ќе попушти, постои ризик и да бидат изедени од глувци и инсекти.
Теписи
Замотаните теписи се идеален дом за инсектите и глувците, а влакната исто така апсорбираат влага и непријатни мириси, заради што теписите се уништуваат.
Дрва за огрев
Дрвата исто така може да апсорбираат влага, па ако не ги чувате правилно, нема да ви вршат работа при греењето и горењето.
Запаливи супстанци
Иако сите мислат дека најдобро место за чување фарби, масла и слични хемикалии е во подрум, сепак зависно од тоа што друго чувате во подрумот, тоа не е паметен избор бидејќи може да биде опасно.