11 едноставни трикови за секојдневните проблеми

Стапчиња за јадење за чипс

Доколку не ги сакате мрсните раце после јадењето чипс, можете да употребувате стапчиња за јадење.

Не само што рацете ќе ви останат чисти, туку на овој начин ќе јадете побавно и нема да изедете повеќе од планираното.

11-ednostavni-trikovi-za-sekojdnevnite-problemi-07.jpg

Трик за наоѓање ситни предмети

Малите обетки се навистина тешки за наоѓање, но постои трик и за ова.

На цревото од правосмукалката ставете чорап и вклучете ја. На овој начин ќе ги соберите сите ситни предмети од домот без да ги изгубите.

11-ednostavni-trikovi-za-sekojdnevnite-problemi-08.jpg

Отстранување восок

Свеќите се одлични за создавање атмосфера, но восокот на масата не е. Но, лесно можете да се ослободите и од него.

Врз восокот ставете коцка мраз и оставете ја да отстои. Потоа само излупете го восокот.

11-ednostavni-trikovi-za-sekojdnevnite-problemi-09.jpg

Козметички продукти во сад за леќи

Доколку немате место за целиот лосион, нема потреба да носите голема амбалажа. Ставете малку од лосионот или кој било продукт во сад за контактни леќи.

11-ednostavni-trikovi-za-sekojdnevnite-problemi-10.jpg

Декорација со стари предмети

Нормално е одвреме-навреме да сакате да додадете нешто ново во вашиот дом. Но, нема потреба секогаш да трошите пари.

Доколку, на пример, во домот имате некоја слика на платно што повеќе не ви се допаѓа, немојте да ја фрлате. Едноставно нацртајте нешто ваше врз неа.

11-ednostavni-trikovi-za-sekojdnevnite-problemi-11.jpg

Помалку врева во тоалет

Веројатно понекогаш не сакате да правите врева кога одите во тоалет.

Во овој случај, ставете малку тоалетна хартија во школката, така што ќе се придуши секој звук.

11-ednostavni-trikovi-za-sekojdnevnite-problemi-12.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Домаќински трикови со кои луѓето си го олеснуваат животот (а ќе ви послужат и вам) „Секогаш купувам повеќе од што ми е потребно, односно сакам да имам шише зејтин ...
7 трикови со боја на ѕидовите за визуелно да ја смените големината на собата Знаете ли како да ја „зголемите“ собата со помош на боја? Или како да ја издолжи...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
10 корисни трикови што сигурно ќе ви се најдат низ домот Како да ги закачите кошулите по перење за да не ви се истуткаат и како правилно ...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg