Мајонезот лечи изгореници - Производи кои имаат повеќе од една намена
Оставата и ормарите во вашта кујна чуваат повеќе тајни отколку што мислите. Постојат многу различни паметни начини да се користат секојдневните производи, покрај нивната оригинална намена, како што е фиксирање на пискава врата со дезодоранс.
Ова се неколку неочекувани начини за употреба на обични, секојдневни производи:
Вазелин против воспаление после бричењe
Во лето носиме кратки здолништа и фустани без ракави. Ова може да предизвика непријатна иритација на нозете и пазувите по бричењето. Вазелинот главно се користи како навлажнувач, но исто така е моќен сојузник против осип.
Млекото чисти кожени чевли и чанти
Ако вашата кожена торба или чевли изгледаат малку старо и збрчкано, пробајте го овој трик со млеко. Посипете малку млеко врз чантата и оставете да се исуши некое време, а потоа исчистете со мека крпа.
Мајонез против изгореници
Премногу долго сончање предизвикува незгодни изгореници. Мајонезот е вистинското решение за овој проблем. Ќе ја намали болката и истовремено ќе ја навлажни кожата.
Паста за заби за чистење накит
Постојат многу начини за чистење на валканиот, затемнет накит, но еден од најефикасните производи за чистење е паста за заби. Нанесете мала количина паста за заби на стара четка и чистите ги обетките, ѓерданите и нараквиците. Потоа исплакнете го вашиот накит со вода.
Дезодорансот помага при шкрипење на врати
Ако вратата на вашата куќа прави иритирачки, крцкави звуци, малку дезодоранс може да биде одлична помош. Сè што треба да направите е да го шприцнете на шарките на вратите за досадните звуци да исчезнат.
Ашера | Црнобело