Кулинарски трикови за кои ќе бидат благодарни и најдобрите домаќинки
Чистење клас пченка
Прво исечете ги краевите кои се суви и валкани, потоа загрејте го класот малку во микробранова, оставете да отстои 2-3 минути и со нежно стискање на краевите, полесно ќе се исчисти.
Инка за итни случаи
Ако немате инка при рака, а ви е итно потребна за да префрлите нешто ситно, искористете плик свиткан на пола, пресечен на дното.
Сечете кромид без солзи во очите
Поставете голема свеќа до даската и запалете ја, а пламенот ќе ги отстрани супстанците кои предизвикуваат солзи од кромидот.
Усовршување на сосовите за тестенини
Кога варите паста, не ја истурајте цела вода или не чекајте да испари. Оставете пола шолја солена и зачинета вода, која потоа ќе ја додадете во сосот, посебно ако е карбонара или некој сличен, бидејќи течноста ќе ги соедини состојките.
Спречете лепење на рибата на скара
Ако практикувате да си печете риба на скара, но ве нервира лепењето и горењето, ставете неколку парчиња лимон исечени на кругови, па врз нив ставете ја рибата.
Декорација на краевите на торти и погачи
Тестото од страните може да го сечете со лажичка или друг предмет во форма на круг или облик по желба.
Совршени јајца
Ако сакате јајцето на око да има совршена форма, без да се растече низ цела тава, скршете го јајцето во прстен од кромид, круг од пиперка, домат или авокадо.
М. М. | Црнобело