Кулинарски трикови за кои ќе бидат благодарни и најдобрите домаќинки
Никој не сака да влезе во кујна и да заглави таму со часови, независно дали станува збор за добра домаќинка или тазе домаќинка.
На сите ни се потребни некои трикови со кои полесно ќе се справиме со готвењето, чувањето храна или решавањето некои ситни проблеми во секојдневието.
А, на оваа листа со кулинарски трикови ќе ви завидува секоја добра домаќинка.
Искористете ги овие совети и надминете ја дури и вашата баба:
Продолжете го рокот на траење на краставицата
Краставиците многу брзо омекнуваат, па за да ги одржите подолго свежи, завиткајте ги во салфета или бришач пред да ги ставите во фрижидер.
Отстранете ја лушпата на доматот
Држете го доматот 15-25 секунди врз плински шпорет и лушпата ќе почне сама да се одвојува, вие само ќе треба да ја излупите целосно.
Одржете ја свежината на авокадото
За авокадото да остане подолго свежо и да не потемни толку брзо, пресечете го на половина и двете половини завиткајте ги во фолија па ставете ги во фрижидер.
Чистење калинка
Во овој период на сите ќе им бидат потребни нови техники за брзо чистење на калинки, а покрај многуте начини, еден од нив е следниов:
Богат сос со мелено месо
Ако не сте ја пресметале добро количината на сосот со месо, а гостите треба да пристигнат, сечканите смрзнати моркови ќе ви бидат спас. Ставете ги во блендер и измешајте ги со месото – сосот ќе биде побогат и ќе има подобар вкус.
Соодветно чување на кафеав шеќер
За кафеавиот шеќер да биде помек, ставете во пакувањето маршмелоу.
Држач на рецепти
Ако готвите нешто според рецепти во некое списание или книга и не сакате постојано да ви се затвара или да се менуваат страниците, закачете ги на закачалка.
Спречете лизгање на даската
Ако ве нервира постојаното изместување и лизгање на даската кога сечете нешто, ставете под неа сува крпа.