Како правилно да се спакувате за ништо да не може да ви го уништи одморот?

Моментот на пакување пред да отидете на одмор или било какво патување најчесто може да биде хаотичен, а резултира со нервоза бидејќи не може да го затворите.

kako-pravilno-da-se-spakuvate-za-nishto-da-ne-mozhe-da-vi-go-unishti-odmorot-01.jpg

Уште потешко е потоа кога треба да одберете што ќе извадите и како да одлучите што да не носите од сите работи што сте ги напикале во куфер.

На крај, може да завршите со нервози бидејќи дури кога ќе стигнете ќе сфатите дека нешто сте заборавиле, а сте земале непотребни работи.

За полесно да се организирате и да немате нервози, следете ги следните трикови:

Испланирајте го добро патувањето

Првиот чекор е да одберете соодветен куфер во зависност од патувањето. Ако патувате со авион или воз, проверете добро дали има рестрикции за големината и количината на багажот.

Исто така, проверете го и времето за да знаете каква облека треба да понесете. Истражете го и местото каде одите за да знаете што треба да земете, а со што е снабден самиот хотел/апартман.

kako-pravilno-da-se-spakuvate-za-nishto-da-ne-mozhe-da-vi-go-unishti-odmorot-03.jpg

kako-pravilno-da-se-spakuvate-za-nishto-da-ne-mozhe-da-vi-go-unishti-odmorot-02.jpg

Направете список

Напишете список со сите работи дури и најмалите ситници кои сметате дека треба да ги земете.

Оставете го списокот на видливо место за да може да го дополнувате секојпат кога ќе се сетите на нешто. Разгледувајте ги добро сите работи и обидете се да ги групирате.

kako-pravilno-da-se-spakuvate-za-nishto-da-ne-mozhe-da-vi-go-unishti-odmorot-04.jpg

Групирајте ги сите работи од списокот

Групирањето на сите работи од списокот ќе ви помогне да одлучите што навистина ви е потребно.

Многу пати пакуваме непотребни предмети или аутфити кои само ни заземаат место.

Ставете ги сите работи на едно место, соодветно групирани и проверете дали ви требаат сите 3 типови на чешал и слично.

Водете се по тоа дали сите работи кои ги носите ќе ги искористите повеќепати од еднаш.

kako-pravilno-da-se-spakuvate-za-nishto-da-ne-mozhe-da-vi-go-unishti-odmorot-05.jpg

Направете си комплети од облека

Препорачливо е сите парчиња облека и аксесоари кои ќе ги земете да бидат во слична палета на бои, за да можете полесно да ги комбинирате и да ги оставите дома оние парчиња кои не се вклопуваат во комбинациите.

kako-pravilno-da-se-spakuvate-za-nishto-da-ne-mozhe-da-vi-go-unishti-odmorot06.jpg

Како да ги организирате работите за да ги собере во куферот

Неколку трикови за да го искористите правилно просторот во куферот како тетрис:

  • Виткајте ја облеката во ролни наместо да ја диплите
  • Сите помали парчиња облека здиплете ги во најголемото парче 
  • Тоа што тежи повеќе ставете го на дното на куферот, а тоа што се гужва – најгоре
  • Ако носите ранец, тоа што тежи повеќе ставете го во средина, а потоа полнете ги останатите празнини
  • Користете кеси со затворач за подобро да ги организирате сите предмети и да не ви се измешани

kako-pravilno-da-se-spakuvate-za-nishto-da-ne-mozhe-da-vi-go-unishti-odmorot-07.jpg

Облечете ги на вас работите кои заземаат најмногу простор

Ако одите на дестинација каде што е поладно, облечете на вас палто и носете ги работите кои зафаќаат најмногу место на вас.

kako-pravilno-da-se-spakuvate-za-nishto-da-ne-mozhe-da-vi-go-unishti-odmorot-08.jpg

Документите ставете ги на дофатливо место

Документите како пасоши, лична идентификација, билети, ваучери за резервација и слично треба секогаш да ви бидат во рачниот багаж, при рака и мора да знаете точно каде се наоѓаат.

За да не мора да ги заборавате или да ги барате по цела торба, купете си посебна торбичка за документи каде сите ќе ви бидат на едно место.

kako-pravilno-da-se-spakuvate-za-nishto-da-ne-mozhe-da-vi-go-unishti-odmorot-09.jpg

Носете празни кеси

Неколку празни кеси секогаш ќе ви бидат од корист кога ќе имате нечиста долна облека, мокра облека или чевли.

kako-pravilno-da-se-spakuvate-za-nishto-da-ne-mozhe-da-vi-go-unishti-odmorot09.jpg

Видео кое ќе ви биде од голема корист при пакувањето:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто, колку често и како правилно да го исчистите тостерот? Трошките и другите остатоци со текот на времето може да се насоберат во тостерот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg