Што сè можете да исчистите дома со медицински алкохол?

Медицинскиот алкохол е нешто што го има во речиси секој дом. Најчесто се користи за дезинфинцирање на рана или повреда.

shto-se-mozhete-da-ischistite-doma-so-medicinski-alkohol-01.jpg

Но, тоа не е единствениот начин на кој може да се употреби. Тој е ефикасно средство за чистење на разни работи во домот.

Во продолжение прочитајте што сé можете да исчистите со помош на медицински алкохол:

Го отстранува лакот за коса од огледалото

Кога ставате лак за коса, големи се шансите да го испрскате и огледалото, а тие дамки многу лесно се вадат ако ги пребришете со малку медицински алкохол.

Ги чисти ролетните

Венецијанер-ролетните се нешто што многу често забораваме да го исчистиме. Потребно е само да замотате ткаенина на која сте капнале медицински алкохол околу некој мал предмет и да ја зацврстите со ластиче. Предметот треба да може да се протне помеѓу ролетните за темелно да ги исчисти.  

Ги чисти површините во тоалетот

Ставете медицински алкохол на крпа која добро впива и со неа поминете ги славината, тушот и останатите површини од хром во тоалетот. Освен што ќе ги исчисти овие површини, алкохолот ќе ги отстрани и бактериите од нив.

shto-se-mozhete-da-ischistite-doma-so-medicinski-alkohol-02.jpg

Ги одржува алатите за во градината чисти

За правилно да функционираат алатите кои ги користите за косење трева, кастрење на ограда или други градинарски активности, потребно е одвреме-навреме да ги чистите. Измијте ги со вода и сапун, а потоа секој алат поминете го со крпче со медицински алкохол.

На овој начин, ќе ги исчистите алатите и ќе ги отстраните микробите и бактериите од нив.

Ги отстранува масните дамки

Медицинскиот алкохол можете да го користите како универзално средство за отстранување на тврдокорните дамки од шпоретот, рерната, кујнските површини и мијалникот. Со оглед на тоа што медицинскиот алкохол брзо испарува, чистењето ќе биде многу поедноставно и поефикасно.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
Прекрасна идеја од Македонка – Како сами да направите адвент календар на кој ќе се радуваат најмалит... Адвент календарите се едни од најомилените детски подароци за предновогодишните ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg