9 работи во домот што вие ги игнорирате, а оставаат лош впечаток кај гостите
Ако кафето го послужите во напукната шолја или изнесете грицки во закршена чинија - гостите тоа ќе го забележат, а вие ќе оставите лош впечаток.
Сигурно барем еднаш во животот ви се случило да ви се најават гости и вие да мора за половина час да исчистите сè.
А што побргу да фатите - да ги раскренете алиштата, да избришете прав или да пуштите правосмукалка? Или да се обидете да зготвите нешто набрзина за да не ги пречекате со празна маса?
Во целото тоа брзање може да се случи да заборавите валкана крпа врз машината за перење алишта, на пример.
И иако вие можеби нема да ја видите, можно е гостите да ја забележат и токму тоа да остави лош впечаток кај нив.
Кои се работите кои вие најчесто ги игнорирате во својот дом, но оставаат лош впечаток кај гостите?
Вклучен телевизор кој го одвлекува вниманието
Многу луѓе се навикнати телевизорот да им е постојано вклучен, но тоа остава неубав впечаток кај гостите, особено ако по некое време разговорот и дружењето се насочат кон ТВ-то и програмата што се емитува.
Ова, секако не е случај ако гостите ви доаѓаат специјално за да гледате некој филм, музичко шоу, натпревар...
Валкани крпи
Наместо во корпата за валкана облека или во машината за перење, крпата со која сте пребришувале низ домот - сте ја оставиле на видно место.
Па иако домот ви е чист, впечатокот е дека живеете во валкана средина.
Мирисот во домот
Секој дом има свој карактеристичен мирис и луѓето кои не живеат таму веднаш го забележуваат.
Многу луѓе пробуваат на различни начини да се ослободат од непријатниот мирис во просторијата, па палат миризливи стапчиња, прскаат со спреј и слично.
Но, многу поефектно е веднаш штом ќе ви се најават гости, да запалите миризлива свеќа дома и нејзината арома полека да се шири низ просторот.
Потрошени сапуни оставени на лабавото
На многу луѓе им е важен изгледот на сапунот и како се чува во тоалетот.
Па ако наместо течен сапун или сапун ставен врз држач, вие имате неколку остатоци од сапун расфрлани врз лавабото - оставате лош впечаток кај гостите.