9 работи во домот што вие ги игнорирате, а оставаат лош впечаток кај гостите
Искршени прекинувачи
Вие можеби сте се навикнале да ги гледате искршените прекинувачи во домот или изгорените штекери, но тоа не значи дека тие нема да остават лош впечаток на гостите.
Сте заборавиле да ставите тоалет хартија во тоалетот
Гостите очекуваат да најдат тоалет хартија кога ќе отидат во вашиот тоалет, а не да се вртат наоколу и да бараат каде ви стои.
Затоа наместо да ја чувате во ќеси, врз машината, во некој плакар - ставете нова ролна за гостите (дури и старата да е потрошена до пола).
Несоодветни украси на ѕидовите
Според дизајнерите, многу полошо од тоа вашите ѕидови да се „стерилни“, без слики и украси, е тие да бидат декорирани со погрешни уметнички дела.
Секогаш трудете се да купувате работи што одговараат на вашиот стил, но и на целиот ентериер, а не да отскокнуваат од него.
Искршени или напукнати садови
Ако кафето го послужите во напукната шолја или изнесете грицки во потскршена чинија - гостите тоа ќе го забележат, а вие ќе оставите лош впечаток.
Овенати цвеќиња
Ако саксиското цвеќе во домот ви овенало, подобро фрлете го (или тргнете го кога ќе ви се најават гости), отколку да го чувате со надеж дека ќе „оживее“.
Вие можеби и не му обрнувате внимание, но пред гостите саксијата со исушено свеќе ќе остави лош впечаток.
А. Ј. | Црнобело