11 секојдневни навики кои го уништуваат вашиот 'рбет
Нога преку нога – оваа поза го зголемува товарот врз ‘рбетот и го нарушува снабдувањето со крв во карличната област.
‘Рбетот е главниот дел од скелетот на човекот и од неговото здравје зависи состојбата не само на грбот, туку на многу внатрешни органи.
Па, така проблемите со ‘рбетот може да доведат до проблеми со мозокот, срцето, дигестивниот систем итн.
Секојдневни навики кои ви го уништуваат ‘рбетот:
Лошо држење на телото при седење и одење – колку сме постари, толку ни е потешко да го држиме грбот исправен, па затоа потребни ни се вежби.
Поза нога преку нога – оваа поза го зголемува товарот врз ‘рбетот и го нарушува снабдувањето со крв во карличната област.
Зависност од телефон – кога сте навалени врз екранот од вашиот телефон правите товар на горниот дел од ‘рбетот и со текот на времето ова може да доведе до изместување на дисковите и сериозно искривување.
Лош сон – инсомнијата предизвикува прекин во функциите на келиите, а тоа води во хронична болка и воспаленија на ‘рбетот.
Предолго седење – ако имате канцелариска работа на секој час мора да правите мали паузи за размрдување за да го зајакнете ‘рбетот.
Лош душек – најдобро е да спиете на средно тврд душек кој ќе обезбеди оптимална потпора за вашиот ‘рбет.
Претерано косумирање на кофеин – тој носи придобивки, но од друга страна го „цица“ калциумот од нашите коски и го зголемува ризикот за оштетување. Бидете умерени.
Тешки торби – огромната и тешка чанта ви прави притисок на ‘рбетот, одберете помала само со неопходните работи.
Пушење – цигарите предизвикуваат предвремена дегенерација на дисковите на ‘рбетот.
С. С. | Црнобело