Природни состојки за убавина што ги користат жените од Блискиот Исток (и вреди да ги пробате)

Маслиново масло за кожа, коса и нокти

Маслиновото масло со векови се користи како продукт за убавина.

Тоа може да ја омекне кожата и да ги зајакне ноктите и косата.

Можете да си направите пилинг за тело со маслиново масло и шеќер со кој ќе ги отстраните мртвите клетки и ќе ја омекнете кожата.

Исто така, можете да го нанесете на косата околу еден час пред да ја измиете, а можете и да ги намачкате кутикулите и ноктите и да почекате да се впие.

prirodni-sostojki-za-ubavina-shto-gi-koristat-zhenite-od-bliskiot-istok-i-vredi-da-gi-probate-06.jpg

Морска сол за педикир

Морската сол може да ви помогне да ја омекнете тврдата кожа на стапалата, но и на лактите.

Направете смеса за пилинг со маслиново масло и крупна морска сол, истријте ги проблематичните места, и исплакнете со вода.

prirodni-sostojki-za-ubavina-shto-gi-koristat-zhenite-od-bliskiot-istok-i-vredi-da-gi-probate-07.jpg

Маска од компир за лице

Компирот содржи витамин Ц и жените од Блискиот Исток веруваат дека може да го изденачи тенот на кожата, но и да ја намали појавата на акни.

За да си направите маска, изрендајте жив компир и ставете го на лицето. Можете да додадете и малку јогурт.

Оставете ја маската да делува неколку минути, па добро исплакнете.

prirodni-sostojki-za-ubavina-shto-gi-koristat-zhenite-od-bliskiot-istok-i-vredi-da-gi-probate-08.jpg

Етерични масла наместо парфеми

Наместо парфем, жените од Блискиот Исток неретко користат етерични масла.

Доволно е да нанесете од омиленото масло неколку капки на вратот и внатрешниот дел од зглобот на дланката.

prirodni-sostojki-za-ubavina-shto-gi-koristat-zhenite-od-bliskiot-istok-i-vredi-da-gi-probate-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg