Шампонот ги отстранува паднатите влакна и уште 8 работи за косата кои треба да ги знаете за подобра нега
Нормално е да ви паднат повеќе влакна додека ја миете косата
Во просек, од главата ни паѓаат по 100 влакна дневно и бидејќи не ја чешлате косата постојано, дел од овие влакна си остануваат на неа. Па, кога ќе ја измиете, нормално е да паднат.
Во случај да не сте ја измиле косата повеќе денови, можно е да ви изгледа како да ви паднале многу влакна, но нема потреба за грижа.
Појавата на седи влакна зависи од неколку фактори
Седите влакна се појавуваат кога нашиот организам престанува да произведува меланин – состојката што ѝ ја дава бојата на косата.
Во голема мера, појавата на седите влакна е генетска, па ако вашите родители имале седа коса на порана возраст, можно е исто да биде и со вас.
Сепак, некогаш стресот може да го забрза овој процес.
Постојат многу причини за појава на испукани врвови
Сушењето со фен, чешлањето, па дури и излегувањето на ветер и сонце со текот на времето ја „трошат“ косата. А, бидејќи влакната не се регенерираат, почнуваат да се појавуваат испукани врвови.
Важно е да знаете дека единственото решение за испуканите врвови е потстрижувањето.
Квалитетниот сон е важен за здрава коса
Покрај бројните други здравствени придобивки, квалитетниот сон е добар и за нашата коса и може драстично да ја подобри нејзината состојба.
Од друга страна, недоволното спиење може да биде причина за појава на стрес, кој пак има негативно влијание врз косата.
Масажата на скалпот е од голема корист
Нежното масирање на скалпот може да ја подобри состојбата на вашата коса. Според некои мали истражувања, може дури и да го забрза нејзиниот раст и да ја направи погуста.
Доволно е да го масирате скалпот додека ја миете косата. Можете и да употребите масло од лаванда за масажа пред туширање.
Спирова С. | Црнобело