Шампонот ги отстранува паднатите влакна и уште 8 работи за косата кои треба да ги знаете за подобра нега
Не треба да паничите ако ви паѓаат влакна додека ја миете косата и треба да бидете особено внимателни со начинот на сушење ако не сакате да ја оштетите.
За да водите добра грижа за вашата коса, треба да знаете некои факти за неа.
Колку брзо расте, зошто се појавува првутот, што ѝ годи на кожата на скалпот и зошто се појавуваат седи влакна се само дел од работите што треба да ги знаете и што ќе ви помогнат да ја подобрите состојбата на вашата коса.
10 факти за косата што ќе ви помогнат да водите подобра грижа за неа:
Косата расте околу 1,2 сантиметри месечно
Во просек, нашата коса расте околу 1,2 сантиметри месечно. Сепак, оваа бројка може да варира од многу фактори, како начинот на исхрана и вашата здравствена состојба.
Постојат многу причини за појава на првут
Иако најлогично ни звучи првутот да настанува поради сувата кожа на главата, ова не е единствената причина за неговата појава.
Првутот може да се појави и ако имате многу мрсна кожа на скалпот, ако имате проблеми со кожата како псоријаза и егзема, а некогаш настанува и поради нетолеранција на одредени продукти за коса.
Ако имате многу проблеми со првут, најдобро е да се консултирате со кожен лекар, а можете да пробате и шампон против првут и почесто да консумирате храна богата со витамин Б и цинк, како авокадо и ѓумбир.
Кожата на скалпот е како кожата на целото тело
Важно е да ја третирате кожата на скалпот исто како кожата на целото тело и треба да ја одржувате чиста. Па, кога ја миете косата, нежно, но темелно истријте го и скалпот.
Исто така, препорачливо е да ја миете косата по секое вежбање.
Некои начини на сушење можат да ја оштетат
Секогаш кога сте во можност оставете ја косата да се исуши сама.
Кога сепак мора да употребите фен, држете го на поголемо растојание и задолжително нанесете средство за заштита од топлина.
Бидете внимателни и кога ја бришете косата со крпа – немојте да ја триете бидејќи можете да ги искинете влакната. Наместо тоа, искористете ја крпата само колку да го впиете вишокот вода.
Исто така, немојте да ја врзувате косата додека сè уште е влажна бидејќи лесно ќе ја оштетите.