Рамен стомак, мал нос: Наметнати (и нереални) стандарди за убавина кои не треба да ви влијаат на самодовербата
Изедначен тен
Немојте да го споредувате вашиот тен со лицата на девојките и жените што ги гледате на Инстаграм. Не заборавајте дека тие секогаш се нашминкани.
Речиси и да не постои девојка и жена со совршено изедначен тен. Црвенилото, пегите и подочниците се сосема нормална работа и не треба да се грижите за нив.
Лице без брчки
Како сè останато што спомнавме досега, и брчките се најнормална работа и нереално е да очекувате лицето да ви биде мазно целиот живот.
Само затоа што сега имате повеќе брчки отколку пред десет години не значи дека сте помалку убави. Напротив, брчките можат да го одразат вашиот карактер и да ве направат уште попривлечни.
Мал нос
Ако имате голем, крив или каков било нос што не се вклопува со наметнатите стандарди за убавина, бидете горди на него.
Наместо да копнеете по „совршен“ нос, прифатете ја вашата уникатност и гордо покажувајте ја.
Заоблен задник
Ако сонувате за задник како на Џеј Ло, не заборавајте дека таа минува часови во теретана со личен тренер и може да си овозможи личен готвач кој се грижи за секој нејзин оброк.
Работата на Џеј Ло и другите жени како неа е да изгледаат совршено и бесмислено е да се споредувате со нив.
И малиот задник може да изгледа одлично и некогаш може да биде и предност, особено кога купувате облека или сакате да носите нешто тесно.
Спирова С. | Црнобело