Новогодишен маникир – нокти декорирани со црвено-бели бастунчиња (фото)
Во духот на новогодишните празници – вистински хит меѓу инфлуенсерките е маникирот инспириран од црвено-белите лижавчиња во форма на бастун. Сепак, годинава, декорацијата е само на врвовите на ноктите.
Елка, лампиони, разнобојни светилки… Уште едно обележје на божиќните и новогодишните празници се и ментол лижавчињата во форма на црвено-бели бастунчиња што нè потсетуваат на детството.
На социјалните мрежи се појавија поголем број фотографии инспирирани од ваквите шарени бастунчиња.
Додека црвено-белите нокти се тренд речиси секоја празнична сезона, годинава особено се модерни врвовите на ноктите декорирани во црвена и бела боја, во форма на бастунче.
Идеи за новогодишен маникир:
Б. С. Б. | Црнобело