Кога ќе ти дојде преку глава и ќе престанеш да се фарбаш: 33-годишна жена си ја прифати седата коса
Првото бело влакно ѝ се појавило на само 17 години и оттогаш дала огромна сума пари по фризерски салони.
Алекс Дувал е 33-годишна жена од Калифорнија на која по долги години фарбање на косата и давање многу пари на посети на фризерски салони ѝ дошло преку глава и одлучила да престане со тоа и да ја прифати својата седа коса.
Првото седо влакно го забележила на само 17-годишна возраст и оттогаш постојано се трудела да ја прикрие појавата на седи влакна.
Учителката по повеќе од една деценија фарбање одлучила да ја прифати својата природна предвремено обелена коса, за која вели дека ѝ е генетски наследена од родителите.
„Постои голема стигма околу луѓето со седа коса, некако тоа се поврзува со староста и сите ми велат дека сум премлада за бели влакна, па затоа сакам да ги срушам стереотипите и да покажам дека нема правила“, вели Алекс.
Сега, додава дека се чувствува многу поопуштено што не е во во трка секој месец да се фарба, плус штеди многу пари.
Косата на Алекс некогаш и сега:
С. С. | Црнобело