Што од козметиката е најпаметно да чувате во фрижидер?
Фрижидерот, покрај за складирање на вкусна храна, треба да го користите и за чување на дел од козметиката, според професионалците.
Поради промената на температурата во која ја чувате козметиката, состојките во неа може да создадат процеси кои нема да ѝ одговараат на кожата, па најбезбедно е да ја чувате на ниски температури.
Така козметиката останува свежа како првиот ден по отварањето.
За што треба да одвоите една полица во фрижидерот?
Кремa за околу очи – на овој начин се поефикасни и ја намалуваат подуеноста на очите.
Креми за сончање – направени се за да штитат од ултравиолетови зраци, но кога се изложени на високи температури, кремите го губат ова својство.
Кармин – полесно го задржуваат оригиналиот тон ако се чуваат на ниски температури.
Балсам за усни – лабелата и разните балсами за нега на усните кога ја менуваат текстурата, ја менуваат и заштитната улога. Чувањето во фрижидер го спречува ова.
Течна пудра – долготрајноста зависи од температурата на која ја чувате.
Лак за нокти – високите температури ја менуваат бојата, но и создаваат грутки во текстурата на лакот.
Течен или кремаст туш за очи – ако го чувате во фрижидер, го спречувате неговото размачкување околу очите.
Парфеми – кога се на топло и влажно место, ја менуваат и губат аромата. Истото се случува и кога се изложени на дневна светлина и сонце.
Маскара – високите температури ги создаваат оние грутки и густината која ве нервира, па затоа најдобро е да ја чувате во фрижидер веднаш по отворањето.
Напомена: Секако дека за многумина е нелогично сите овие продукти да ги чувате во фрижидер, но оние кои знаете дека во одреден период не ги користите, може привремено да ги ставате во фрижидер или барем на поладно место за да го задржите квалитетот и рокот на трање.
М. Д. | Црнобело