7 застарени трендови за шминкање што одземаат многу време + поедноставна алтернатива
Едно истражување покажало дека жените, во просек, минуваат 136 дена годишно во шминкање или средување на шминката.
Голем број жени дури и го жртвуваат појадокот за наутро да имаат време да се нашминкаат како професионалец.
Но, имаме добро вести – конечно можете да здивнете бидејќи природниот изглед станува сè попопуларен.
Погледнете кои трендови за шминкање се застарени, и веќе заменети со поедноставна алтернатива:
Природна нијанса наместо порцеланско лице
Основа, течна пудра, коректор, камена пудра… ова се само дел од продуктите што ви се потребни за да добиете совршено порцеланско лице. Но, сè повеќе жени сфаќаат дека ова ниту изгледа природно, ниту е едноставно.
Денес многу поважно е вашата кожа да изгледа здраво, а за да ги покриете несовршеностите, доволно е да нанесете многу малку пудра и руменило.
Сјајни усни наместо мат кармин
Мат кармините можеби изгледаат одлично, но и тие одземаат премногу време. За да изгледате добро, морате прво да ја припремите усната со пилинг, а и самиот кармин не трае долго и ќе треба постојано да нанесувате.
Оваа сезона слободно заменете ги кармините со обичен сјај за усни. Уште подобро ако е со неутрална боја.
Сончање и креми за самопотемнување наместо солариум
Со години се зборува за штетноста на солариумите, а изгледа сè повеќе жени одбиваат да ги користат.
Ако немате можност да се сончате на сонце, тогаш можете да добиете одличен тен со креми за самопотемнување. Денес постојат вакви продукти по прифатлива цена, а најдоброто е што не се штетни како солариум, па дури и сонце.
Руменило за нагласување на јаболкниците, наместо за контурирање
Еден период контурирањето беше вистински хит, но ретко кој има време да одвои половина час (и повеќе) за тоа.
Многу подобро е да го користите руменилото само за да ги нагласите вашите јаболкници.