Како изгледа телото на жената која не се издепилирала повеќе од една година?

Соња Цитровска е 28-годишна девојка од Полска која за првпат започнала да се депилира кога имала само 12 години, велејќи дека Фотошопираните фотки од „мазните девојки“ по магазините ја терале да се чувствува несигурно.

kako-izgleda-teloto-na-zenata-koja-ne-se-izdepilirala-povekje-od-edna-godina-001.jpg

Години подоцна, во 2017-та, Соња одлучила да одмори од бричот и депилацијата. Благодарение на поддршката од сопругот, вели дека немала никаков проблем со „новиот изглед“ на телото.

Соња се надева дека фотките од нејзиното природно тело кои ги споделува на Инстаграм ќе започнат ново женско движење, кое ќе им помогне на жените да се ослободат од стандардите за убавина по кои секогаш мора да се мазни и издепилирани.

„Одбирам да не се бричам бидејќи се сметам за убава ваква каква што сум и е многу удобно да живееш на тој начин. Секако дека има денови кога морам да се борам со сите тие стандарди за убавина и денови кога се прашувам зошто сум толку своеглава.

Примам многу пораки од жените кои се на истото место на кое што бев јас пред една година. Разговарам со нив, понекогаш дури и си праќаме фотографии за да се поддржиме една со друга.“

Па, ако ве интересира како изгледа женското тело после една година без депилација...

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
12 жени кои отишле во непроверен салон за убавина и зажалиле (фото) Ужасно лош маникир, шминка која личи како да ја правело дете, а не шминкер - иск...
6 фризури на кои им помина времето (а, притоа додаваат години) Симетричните фризури не се во тренд, па затоа ако имате боб-фризура, никако не т...
Калтрина за стилот и убавината: „Порано броев калории, но веќе не се лишувам од храна за да имам вит... „За убаво и негувано лице клучна е генетиката, а јас, за среќа, имам добри ...
15 мажи чиј лик потполно се смени со новата фризура (фото) Едни пуштаат коса, други ја бричат главата бидејќи почнале да ќелават, а трети с...
Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg