Фотошопира слики од полни жени со порака: Колку добро ќе изгледавте да бевте послаби?
Project Harpoon е Фејсбук профил кој објавува фотографии од плус сајз модели и жени заедно со нивните фотошопирани слики од тоа како би изгледале ако се послаби.
Овој профил е продолжение направено од страна на еден 4chan корисник кој фотошопира фотографии од плус сајз модели, како Тес Холидеј и Ешли Грахам, а и познати личности како Мелиса МекКарти и Меган Трајнор.
Ги употребува хаштаговите #SkinnyAcceptance и #thINNERBEAUTY, прикачува две фотографии од едната иста девојка и потоа бара од корисниците да се изјаснат која слика е подобра, односно на која фотографија девојката изгледа подобро.
Корисникот на овој профил тврди дека постои за да им „помогне на жените со погрешни убедувања“ како да го откријат својот потенцијал и како може да изгледаат попривлечно.
Меѓутоа не е тука да ги научи само жените, туку повремно знае да објави и по некоја фотографија од мажи.