Што бираат мажите на страните за запознавање: Природна или фотошопирана девојка?
Една 22-годишна девојка се одлучила да направи експеримент – колку „согласувања“ ќе добие на апликацијата за парови ако објави селфи без шминка или фотошопирано селфи.
Алекса Митчел е блогерка која дава совети за убавина и нега на телото. Таа објавила три потполно различни фотографии на својот Тиндер профил, а потоа првите 100 мажи ги информирала дека е заинтересирана за „поврзување“ со нив.
По 5 часа добила 16 „согласувања“ на природните фотографии кои ги објавила.
Потоа истите слики ги ретуширала со употреба на апликацијата Relook. Овој пат добила драстично многу повеќе согласувања. Попрецизно, дури 73.
„Чувствувам дека експериментот покажува како мажите ја користат оваа апликација за парови и каков тип на фотографии бараат – чист изглед, без мани и многу шминка“ – објаснува Митчел.