Симболите на сексапил и убавина на дваесеттиот век
90-тите години беа добро познати во појавата на сосема нови движења во модата и посветување на големо влијание на моделите кои шетаа по модните писти. Тие станаа идоли на женската убавина и засекогаш го променија начинот на кој гледаме на нив.
Русокоси, бринети, светли или темни. Секоја од нив има своја специфична убавина по која како тогаш, така и денес сè уште се водиме по минвната убавина.
Ако ништо повеќе, сетете се колку девојки ја имитираа бемката на Синди Крафорд?
Секоја од овие убавици и денеска претставува симбол на женственост и убавина и има зошто е така.
Синди Крафорд
Оваа убавица ја одбележа модната индустрија со нејзината специфична бенка над усната, русите локни, насмевка растегната од уво до уво и со совршените облини.
Хелена Кристенсен
Таа е дефинитивно симбол на женственост. За неа карактеристични се зелените очи,совршениот тен и црните локни.
Линда Еванџелиста
Засекогаш ќе ја прати надимакот „камелеон“ во модната индустрија. Затоа што таа успеваше совршено да се трансформира и при секоја трансформација да изгледа подеднакво убаво. Таа е музата на фотографот Стивен Мајсел, која ги оставаше сите подзинати со нејзината харизматичност.
Наоми Кембел
Британката со зелени очи која си ја проба среќата и во пеење и во пишување, но остана број еден на модните писти. Наоми и ден денес е пример за манекенките ширум светот.
Кристи Тарлингтон
Овој модел поседува специфична убавина: совршен облик на нос, уста и истакнати очи и поглед кој секој фотограф сака да го забележи.
Клаудија Шифер
Германска убавица, препознатлива по насмевката и сонливиот поглед. Како мала била многу срамежлива поради својата висина од 180цм. Но, подоцна си го открила својот талент и научила како да ужива во својата висина.