2 правила за убава кожа кои Ким Кардашијан ги прекршува
Велат потребно е да ги знаете правилата за да можете да ги прекршите и кога станува збор за убавината, никој не го знае тоа подобро од Ким Кардашијан.
На еден од часовите за шминкање на познатиот стилист Марио Дедивановиќ таа открива дека редовно прекршува две од најважните правила за грижа на кожата: секогаш треба да ја бришете шминката пред да легнете навечер и треба да избегнувате солариум како да е чума.
На почетокот од 4 часовниот час, Ким открива дека наскоро доаѓа роденденот на нејзината баба и дека таа ноќ таа планира да спие со нејзината шминка за да ја зачува за забавата.
Подоцна продолжува да објаснува дека таа често знае да заспие со својата шминка:
„Понекогаш сум толку уморна и не го мијам моето лице“, додавајќи дека ја има научено уметноста на спиење без вртење:
„Спијам со мојата шминка кога патувам. Употребувам црни сатенски перници и кога пристигнувам директно на некој настан само додавам малку пудра, се друго е веќе готово“.
Покрај ова откритие таа наведува уште едно правило кое го крши. На прашањето која е нејзината омилена крема за самопотемнување таа открива дека оди на солариум, објаснувајќи дека тоа е за нејзината псоријаза.
Денес кога сите се свесни кои се штетните последици на потемнувањето во солариум, таа индиректно пропагира употреба на истиот.