Едноставно е: Со помош на шминка обликувајте го носот
Некои жени сметаат дека имаат преголем нос, други премногу широк, трети премногу мал, но за среќа со шминката визуелно ќе можете да го решите проблемот.
Доколку не се шминкате правилно, може да се случи токму носот најмногу да го истакнете, затоа користете ги овие трикови:
За издолжен нос користете светли нијанси во долниот дел од носот и потемна подлога околу ноздрите и под нив. Со овој начин на шминкање ќе направите илузија на помал нос. Исто така, со помош на четкичка за нанесување на кармин или со сјај за усни можете да ги проширите аглите на усните за да создадете идеални пропорции.
За широкиот нос да го стесните, нанесете малку темни подлоги над секоја ноздра, а над неа бојата која редовно ја користите па со четка или со помош на прстите измешајте ги боите. За да го стесните носот во пределот на коската, направете мали точки со потемен коректор од почетокот до врвот на носот, а потоа поминете со пудрата.
Од голема помош ќе ви биде ова видео: