На кои производи за убавина може да заштедите, а на кои не?
Ако сте жена, сигурно често пати се прашувате дали скапиот кармин и сенка ви се неопходни или сепак може да ја купите поевтината варијанта.
За да ја разрешите вечната дилема, ви откриваме неколку производи на кои може да заштедите, но и неколку за кои вреди да дадете некој денар плус.
1. Заштедете на туш и моливче за очи, но за добра и квалитетна сенка секогаш одвојте неколку стотки плус, барем ако сакате да ви потрае цел ден.
2. Пудрата и коректорот не се производи на кои треба да штедите. Пронајдете ја соодветната боја и текстура и не се плашете да вложите. Имајте на ум дека тие треба да ги покријат сите недостатоци на кожата, а не да создадат нови.
3. Никогаш не штедете на квалитетната четка за коса, но, затоа заштедете на четките за шминкање. Секако ќе ги промените за неколку месеци, па нема потреба да ги купувате најскапите.
4. Колку и да бевте убедени во спротивното, шампоните за коса и маските не мора да бидат скапи. Понекогаш, нивната цена варира заради производителот, а не заради квалитетот. Парите кои со месеци ќе ги заштедите од евтиниот шампон кој секако и одговара на вашата коса, вложете ги во квалитетен фен. На него, никогаш не смее да штедите.
5. Значително може да заштедите од кармините и сјаевите. Ретко кој кармин, па дури и најскапиот, може да издржи по оброкот. Слободно купете нешто поволно.
6. За разлика од карминот, руменилата и бронзерите не смеат да бидат евтини. За нив издвојте нешто повеќе пари од буџетот, затоа што треба совршено да му прилегаат на вашиот тен и да не создадат алергиски реакции.