Свети Влас - туристичко место на Црното Море, кое бугарската елита го обожава
Свети Влас се нарекува бугарско Сен Тропе и таму е најголемото пристаниште во Бугарија со најлуксузни ресторани и клубови, пред кои ќе видите паркирани низа луксузни автомобили од типот на Ferrari и Porsche. Блиску е до Сончев Брег и Несебар...
Свети Влас е туристичко гратче на Црното Море во Бугарија, кое го нарекуваат и бугарското Сен Тропе.
Важи за луксузно летувалиште, совршено за летен одмор.
Се наоѓа во заливот Бургас, на само 11 километри од познатата туристичка дестинација Несебар и има околу 4.000 жители.
Се смета за помирна алтернатива од Сончев Брег, туристичко место кое е на околу 7 километри.
Најголем дел од посетителите се домашни туристи, но во последно време почнаа да го посетуваат и туристи од други земји, меѓу кои и Македонија.
Се смета за семејно летувалиште, погодно за одмор, мир и релаксација.
Таму е изградено најголемото пристаниште во Бугарија „Диневи“, а областа се развива интензивно со градење хотели и ресорти.
Рестораните и клубовите кај пристаништето се познати помеѓу богатите во Бугарија и неретко таму се паркирани најлуксузните автомобили што можете да ги видите во оваа земја.
Како изгледа Свети Влас:
https://www.instagram.com/p/CfCSnR4N0Ve/
https://www.instagram.com/p/CfR_C5RMqM-/