Рај скриен длабоко во шумата – еко-зоната Зеленковац во БиХ е местото што ќе сакате да го посетите оваа есен (фото)
Излетничкото место и еко-зона Зеленковац е сместено во срцето на борова шума, во селото Подрашница кое ѝ припаѓа на општината Мркоњиќ Град. Сместено на надморска височина од околу 880 метри, во 2002 година доби статус на еколошка зона. Неверојатната природа и пејзажот кој го одзема здивот го прават ова место идеално за викенд или подолг одмор.
Сместувањето е организирано во бунгалови, а храната којашто се нуди е автентична и домашна, типична за балканските простори. Секоја година, во Зеленковац се организираат бројни настани, вклучувајќи го и популарниот џез-фестивал.
Еко-зоната Зеленковац има бројни патеки за пешачење, трчање и рекреација, а во близина на излетничкото место има многу други интересни локалитети кои може да ги видите на еднодневна екскурзија како стариот град Јајце со водопадот, езерото Плива и катакомбите, кањонот Рафтинг клуб, Балканското езеро и уште многу други.
Ова место во Босна и Херцеговина е навистина неверојатно. Рај скриен длабоко во шумата каде што ќе најдете мир, тишина и зеленило.
Иако е прилично далеку од главниот град на Македонија, околу 800 километри, сепак, патот до некои места навистина вреди, нели?
Доколку се премислувате, фотките од Зеленковац ќе ве убедат да тргнете на есенска авантура:
https://www.instagram.com/p/CPnIPzaBON2/
https://www.instagram.com/p/CO8M46MBNTF/
https://www.instagram.com/p/COVYeKbBcsU/
https://www.instagram.com/p/COGf0tpBbF4/
(О)Милена | Црнобело