Најубавото село под Пелистер - Дихово и неговите капејнци (фото)
Дихово се наоѓа во подножјето на планината Баба, на само неколку километри од Битола. Патот до селото е асфалтен, и опколен со бујна природа, зелени ливади и глетки за помнење.
Над селото се наоѓаат Диховските капејнци – мал водопад на реката Драгор.
Водопадот е опкружен со густа шума и е една од најпопуларните дестинации во летниот период.
Водата е бистра и дозволува капење – вистинско освежување и уживање во топлите денови.
Селото има одлична местоположба и природно окружување па станува идеална локација за селски туризам. Според Lonely Planet, Дихово спаѓа во 50-те најубави тајни локации во Европа.
Селото изобилува со извори на чиста планинска вода.
Покрај новите куќи и викендици, има и стари традиционални куќи од кал и камен стари стари и до 150 години кои уредно се одржуваат до ден денес.
Паркот во селото е местото каде селаните уживаат во дружбите.
Во селото, задолжително посетете го пчеларникот BN за да видите како изгледа производството на еден од најубавите планински медови.
Вилата Дихово се најде на седмото место на листата на Lonely Planet за најубави неоткриени места во Европа.
Чистиот пелистерски воздух, близината на Битола, историјата и прекрасната природа се доволно причини за да го посетите селото Дихово.
Погледнете некои од најубавите фотки на Инстаграмџиите:
https://www.instagram.com/p/CEPFkUknjGb/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CBqePGVna4I/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CAHcxAFHJgJ/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/ByWUWgBAOiV/?utm_source=ig_web_copy_link