Најубавиот природен базен на Јадранско море - Grotta della poesia
Grotta della poesia или во превод од италијански „Пештера на поезијата“ се смета за еден од најубавите природни базени на светот.
Станува збор за јајцевидна форма широка околу 30m, сместена во карпите на италијанското село Roca Vecchia на јадранското крајбрежје, помеѓу градовите Лече и Отранто.
Легендата вели дека на ова магично место на работ на италијанската „чизма“ некогаш се капела прекрасна принцеза на која поетите и ги посветувале своите најубави стихови.
Токму од таму потекнува и нејзиното име.
Grotta della poesia е исполнета со солена морска вода, има прекрасна сина боја, а локалното население честопати ја посетува за да се освежи во топлите летни денови.
Е. П. | Црнобело