20 причини да ја посетите златната Прага
Прага – раскошната убавица, срцето на Европа, место со прекрасни пејзажи какви што нема никаде на светот.
Главниот град на Чешка изобилува со убавини од кои застанува здивот. Прага е убава во секој дел од годината, но најубава е во есен кога сé наоколу е обоено во златни нијанси.
Постојат многу причини да ја посетите Прага, а во продолжение прочитајте што сé треба да направите кога ќе отидете таму:
1. Прошетајте се низ уличките од калдрма кои му даваат посебен изглед на градот.
2. Посетете го ѕидот наречен The John Lennon Wall и напишете или нацртајте нешто на него.
3. Пробајте го специјалитетот наречен Smazený sýr што претставува нешто слично на тост со растопен кашкавал во комбинација со мајонез или тартар сос.
4. Посетете го плоштадот Стар град кој ќе се остави без здив.
5. Во Прага морате да пробате trdelnik – вкусно печиво полнето со крем или сладолед.
6. Никако не заборавајте да го пробате чешкото пиво кое е едно од најквалитетните пива во светот.
7. Одете на крстарење на реката В’лтава, која ги поврзува стариот и новиот дел на градот и е најдолгата река во Чешка.
8. Прага изобилува со прекрасни замоци од Средниот Век кои ќе ве однесат во некое друго време.
9. Уживајте во бајковитата архитектура во сите делови на градот во барокен, готски или модерен стил.
10. Задолжително посетете го Астрономскиот часовник Орлој кој е едно од најважните обележја на Прага.