Модни трендови на Инстаграм што изгледаат добро и во реалноста (на секое тело)
Миди и макси здолништа
Факт е дека мини здолништата не изгледаат добро на секаков тип на тело.
Но миди и макси здолништата, од друга страна, кои сега се многу популарни, прилегаат на сечие тело.
Истото важи и за фустаните со овие должини.
„Гранџ“ стил
Инспириран од гранџ музиката, овој стил се карактеризира со лежерни и широки парчиња облека кои обично не ја нагласуваат фигурата.
На Инстаграм изгледа одлично, а исто добар е и во реалноста.
Фактот што се става фокус на поширока облека, го прави овој стил погоден за сечие тело.
Детали со тантела
Облеката од тантела отсекогаш била популарна и тоа со причина – изгледа навистина добро.
Плисирани здолништа
Плисирани здолништа се одличен избор за впечатливи комбинации.
Изгледаат добро во комбинација со штикли, но и во полежерни комбинации, со патики.
Спирова С. | Црнобело