Модни трендови на Инстаграм што изгледаат добро и во реалноста (на секое тело)
Таканаречените „карго“ панталони, како и широките здолништа се одлични за впечатливи комбинации и изгледаат добро на секаков тип тело. Кои други тренди парчиња изгледаат добро и во реалноста, не само на Инстаграм?
Моментално, инфлуенсерките на Инстаграм се најголеми трендсетери, но сите знаеме дека она што изгледа добро на фотографија, не значи дека е добро или практично.
Сепак, некои од најпопуларните Инстаграм трендови изгледаат одлично и во реалноста.
Осум вакви трендови во продолжение:
„Карго“ панталони
Покрај широките фармерки, периодов доста популарни се и таканаречените карго панталони.
Иако имаат впечатлив изглед, можат да стојат навистина добро ако знаете како да ги комбинирате.
Пастелна розова боја
Иако можеби повеќето жени ја избегнуваат дречливата розова боја, пастелните нијанси можат да стојат навистина добро, без разлика на возраста.
Облека со светкави монисти
Факт е дека извесен период, никој не носеше облека со монисти, но сега повторно се враќа на модната сцена.
Овие парчиња се совршени за вечерни излегувања и изгледаат исто добро во реалноста колку и на Инстаграм
Широко сако
Покрај тоа што се удобни, широките сакоа стојат одлично на секаков тип тело.
Истовремено, лесно се вметнуваат во секакви комбинации.