10 совети за комбинирање облека и модни додатоци со кои секогаш ќе изгледате стилски и впечатливо
Одберете ја чантата според вашата висина
На пониските жени подобро им стојат мали или чанти со средна големина.
Од друга страна, повисоките жени треба да избегнуваат минијатурни чанти кои можат да направат да изгледаат многу поголемо.
Избегнувајте чанта и чевли со иста боја
За модерен изглед, избегнувајте чанти и чевли со иста боја, освен ако не се црни.
Во спротивно, ќе изгледате како да носите униформа.
Внимателно избирајте ги белегзиите
Ако носите повпечатливи и поголеми белегзии, ставете ги само на едната рака. Во спротивно, целата комбинација ќе изгледа „кич“.
Посуптилните модели слободно распоредете ги и на двете раце.
Одберете ја шапката според формата на вашето лице
Ако имате тркалезно лице, ќе изгледате одлично со плетено капче или слични модели кои се поголеми бидејќи создаваат рамнотежа.
Ако имате лице со форма на квадрат, капите како беретки ќе ви стојат најдобро.
Ако имате овално лице, најдобриот избор за вас се елегантните шешири.
Носете хулахопки со дезени и впечатливи бои
Хулахопките се навистина лесен начин да ги освежите монотоните комбинации, па не се плашете да експериментирате.
Спирова С. | Црнобело