10 совети за комбинирање облека и модни додатоци со кои секогаш ќе изгледате стилски и впечатливо

Штиклите треба да ги изберете според должината на вашето здолниште. Односно, колку е пократко здолништето, толку треба да се пониски штиклите.

10-soveti-za-kombiniranje-obleka-i-modni-dodatoci-so-koi-sekogash-kje-izgledate-trendi-i-vpechatlivo-01.jpg

Дури и ако сте моден експерт, сигурни сме дека секогаш сакате да научите по некој моден трик кој ќе ви помогне да ги подобрите вашите комбинации.

10 трикови и совети со кои секогаш ќе имате тренди и впечатливи модни комбинации:

Изберете колан според формата на телото

Изборот на колан е од голема важност кога правите комбинација, а во овој случај морате да ја земете предвид и формата на вашето тело.

На пример, пониските и слабички жени ќе изгледаат подобро со тенки еднобојни колани.

Овие колани изгледаат најдобро со облека со принтови, па избегнувајте да ги носите во еднобојни комбинации.

10-soveti-za-kombiniranje-obleka-i-modni-dodatoci-so-koi-sekogash-kje-izgledate-trendi-i-vpechatlivo-02.jpg

Од друга страна, повисоките жени, жените со облини и атлетски градените жени ќе изгледаат подобро со малку пошироки колани.

Но, бидете внимателни – премногу широките колани не изгледаат добро без разлика на градбата на вашето тело.

10-soveti-za-kombiniranje-obleka-i-modni-dodatoci-so-koi-sekogash-kje-izgledate-trendi-i-vpechatlivo-03.jpg

Чевлите треба да одговараат со должината на здолништето

Постои едноставно правило – колку е пократко здолништето, толку пониски треба да бидат чевлите.

Ова значи дека мини-здолништата изгледаат најдобро со ниски чевли, како балетанки или патики.

Од друга страна, долгите и миди-здолништата ќе изгледаат подобро со повисоки штикли.

10-soveti-za-kombiniranje-obleka-i-modni-dodatoci-so-koi-sekogash-kje-izgledate-trendi-i-vpechatlivo-04.jpg

Користете модни додатоци за да го одвлечете вниманието од „недостатоците“

Ако, на пример, сакате да носите тесно здолниште, но не ви се допаѓа што ви се познава стомачето, во комбинацијата додајте впечатлива марама околу вратот.

Овој моден детаљ ќе го одвлече вниманието од „проблематичниот“ дел.

10-soveti-za-kombiniranje-obleka-i-modni-dodatoci-so-koi-sekogash-kje-izgledate-trendi-i-vpechatlivo-05.jpg

Но, морате да бидете умерени со модните додатоци како марами и накит

Ако носите марама, препорачливо е да додадете само уште еден моден додаток, како обетки или ланче.

Ако станува збор за минималистички накит кој не привлекува многу внимание, тогаш слободно носете и обетки и ланче со марамата.

Но, генерално избегнувајте впечатлив накит во комбинација со марама, особено ако има некаков принт.

10-soveti-za-kombiniranje-obleka-i-modni-dodatoci-so-koi-sekogash-kje-izgledate-trendi-i-vpechatlivo-06.jpg

Бидете креативни со елегантните марами

Марамите не се само за на вратот – можете да ги заврзете на чантата, на главата, на шеширот, па дури и да ги носите наместо колан.

10-soveti-za-kombiniranje-obleka-i-modni-dodatoci-so-koi-sekogash-kje-izgledate-trendi-i-vpechatlivo-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 есенски комбинации на бои со кои нема да погрешите Сте помислиле ли да комбинирате бургунди со црно или тегет со жолто? Оваа есен е...
8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
Летни модни трикови со кои ќе изгледате совршено, без разлика каков тип тело имате Не избегнувајте темни бои и немојте да носите многу тесни и кратки здолништа. ...
Следењето модни трендови е вистински предизвик (низ 14 реални илустрации) Модата се движи во циклуси, па работите кои беа модерни во времето на нашите дед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg