8 модни грешки со кои ја криете половината наместо да ја истакнете (и си додавате некој килограм плус)

Коланите се одличен начин да ја истакнете половината, но мора да внимавате на нивната ширина – многу широките колани ќе ја скријат половината и, на крај, ќе ви го дадат спротивниот ефект.

8-modni-greshki-so-koi-ja-kriete-polovinata-namesto-da-ja-istaknete-i-si-dodavate-nekoj-kilogram-plus-01.jpg

Сите жени имаат различни тела, а само затоа што некои не се како супермодели, не значи дека не можат да ја истакнат половината.

Постојат безброј трикови во комбинирањето облека со кои се постигнува овој ефект.

Но, постојат и грешки кои ја кријат половината, дури и кај слабички девојки.

8 вакви грешки во продолжение:

Панталони и здолништа со низок струк

Ако сакате да ја покажете половината со панталони или здолниште со низок струк, ќе треба да носите кроп-топ маичка или нешто слично.

Ако кошулата или блузата е во панталоните или здолништето, воопшто нема да ја истакнете половината.

Покрај тоа, моделите со низок струк им стојат добро само на девојки и жени со рамен стомак.

8-modni-greshki-so-koi-ja-kriete-polovinata-namesto-da-ja-istaknete-i-si-dodavate-nekoj-kilogram-plus-02.jpg

Многу тесни фустани

Тесните фустани ја оцртуваат линијата на целото тело, па половината не доаѓа до израз.

Многу подобар избор се пошироките модели кои се струкирани или со колан на половината.

8-modni-greshki-so-koi-ja-kriete-polovinata-namesto-da-ja-istaknete-i-si-dodavate-nekoj-kilogram-plus-03.jpg

Темни панталони со светла блуза

Некогаш и самите бои на облеката имаат големо влијание.

На пример, комбинациите со темни панталони или здолниште и светла блуза или кошула воопшто не ја истакнуваат половината - светлата боја ќе направи горниот дел од телото да изгледа поширок.

Но спротивната комбинација – светли панталони со темна блуза – го има спротивниот ефект.

8-modni-greshki-so-koi-ja-kriete-polovinata-namesto-da-ja-istaknete-i-si-dodavate-nekoj-kilogram-plus-04.jpg

Фустан со една впечатлива боја

Впечатливите и светли бои, како црвената, можат да додадат некој килограм.

Но, ако одберете модел со „стратешки“ поставени дезени со темна боја, како на фотографијата десно, дефинитивно ќе ја истакнете половината.

8-modni-greshki-so-koi-ja-kriete-polovinata-namesto-da-ja-istaknete-i-si-dodavate-nekoj-kilogram-plus-05.jpg

Уште четири грешки на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Исти фустани кои им стојат сосема поинаку на моделите и славните дами (фото) Од Кајли Џенер и Ема Вотсон, до Жилиет Бинош и Пријанка Чопра - некои фустани од...
8 грешки со кои несвесно правиме да изгледаме постаро отколку што сме Впечатливи цветни принтови, темна сенка за очите... Што треба да избегнуваме за ...
Познати дами во фустани кои одземаат здив кога ќе се свртат со грб Алесандра Амбросио, Хајди Клум, Ирина Шајк се само дел од дамите кои секогаш нè ...
5 грешки кога комбинирате зимска капа (и како да ги исправите) Темна капа не оди во комбинација со темни очила, но ни шубара не се комбинира со...
Кратки панталони кои се тренд за лето '24 и мора да ги имате Ова лето ако сакате да бидете во тренд со изборот на кратки панталони, тогаш со ...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg