Јасмина од Делчево, жена со специфичен моден стил: „Сакам да изгледам урбано“ (фото)
„Јас сум Јарец во хороскоп и сакам да изгледам урбано, затоа смело комбинирам модни парчиња во аутфити прилагодени на мојот карактер“, вели Јасмина Трајковска (42) за CRNOBELO.com, која е мајка на прекрасна 16-годишна ќерка.
Јасмина Трајковска (42) од Делчево, која живее во Скопје, е жена со специфичен моден стил, која на својот Инстаграм профил постојано споделува фотки од своите стајлинзи.
Таа по професија е социолог, но вели дека, за жал, нема работено ниту еден ден во животот по струка.
За CRNOBELO.com говори за својот моден стил:
„Отсекогаш ме интересирала модата, убавиот и урбан стил. Сакам да изгледам убаво и негувам свој препознатлив имиџ, кој го градам постепено веќе години наназад.
Сакам да се чувствувам пријатно, да изгледам урбано и смело комбинирам модни парчиња, во аутфити прилагодени на мојот карактер.
Јас сум Јарец во хороскоп и мајка на прекрасна 16-годишна ќерка, која се надевам ќе го наследи мојот вкус за убавото и модерното.
Во главата секогаш имам визија како сакам да изгледа и сметам дека моите стајлинзи ме отсликуваат токму таква какво што сум – урбана и современа мајка и сопруга и најважно ми е да имам свој препознатлив печат.
И за мене отсекогаш урбаното облекување и изглед ги отворале вратите за социјализација со луѓето и динамичен стил на живот.“
Модните комбинации на Јасмина: