Бизарни чевли од 90-тите поради кои ќе се запрашате „каде ви биле очите“
Ако вашите родители на времето ви велеле: „Зошто по секоја цена инсистираш да носиш непрактични, грди и смешни чевли?“ – тогаш вашата младост цутела во ’90-тите.
За волја на вистината она што е модерно и ни се допаѓа, сепак е релативно, а модните иновации најчесто се вклопуват во времето во кое живееме.
Неретко, по неколкугодишна заситеност, околностите се менуваат, трендот престанува да има смисла, но сепак останува да ѝ пркоси на иднината.
Повозрасните неретко знаат да се пошегуваат дека нивните проблеми со стапалата доаѓаат токму од „слепото“ следење на модата, па за разлика од тогаш - денес пред естетската привлечност преовладува удобноста и комоцијата.
Во продолжение за вас ги издвоивме препознатливите „бизарни“ чевли со чие носење некогаш се гордеевме:
Мила М. | Црнобело