8 трикови од познатите дами за совршени есенски комбинации
Заменете ги класичните фармерки со кожени панталони, а кога не сте сигурни што да облечете, бидете сигурни дека секогаш ќе изгледате добро во костим.
Славните дами се најголеми трендсетери, а кога ќе земете предвид дека за нивниот изглед се грижи цел тим стилисти, навистина можеме да научиме многу од нив.
Неколку трикови за совршени есенски комбинации што ги научивме од познатите дами:
Кожени панталони наместо фармерки
Факт е дека класичните сини и црни фармерки никогаш нема да излезат од мода, но некогаш ни стануваат и досадни.
Оваа есен огромен хит се кожените панталони кои се речиси исто лесни за комбинирање, а ѝ даваат посебен шарм на секоја комбинација.
Кога не сте сигурни што да носите, облечете костим
Женските костими никогаш не биле попопуларни и погодни се за секакви прилики.
Тие изгледаат добро со штикли, со чизмички, па дури и со патики.
Големи чанти наместо мали, непрактични модели
Големите чанти не само што ја подобруваат секоја комбинација, туку се и многу попрактични.
Широки сакоа за секоја пригода
Вреди да вложите во квалитетно широко сако бидејќи ќе можете да го носите со многу работи од вашиот гардеробер.
Широките сакоа изгледаат одлично со панталони, фармерки, здолништа, ролки, фустани…
Чизми со врвки наместо „обични“
Високите чизми со врвки повторно се хит и лесно се вклопуваат во секакви комбинации.
Широки фармерки за лежерни комбинации
Оваа есен сите познати дами ѝ даваат предност на удобноста, па не е ни чудно што доста често ги гледаме со широки фармерки.
Впечатливи бои наместо темни нијанси
Иако и темните нијанси можат да изгледаат мошне добро, не мора да се ограничувате само на нив во есенските денови.
Слободно покажете ја вашата креативност и дајте им предност на парчињата со впечатливи бои.
Комбинезони за миговите кога не знаете што да носите
Кога не сте сигурни што да облечете, комбинезонот е одлично решение.
Покрај тоа што е удобен, за да изгледате добро во комбинезон, треба само да ги одберете вистинските чевли или патики.
Спирова С. | Црнобело