„Како цела ноќ да пиеле“ – манекенки кои едвај одат во претесните чевли се хит на социјалните мрежи (видео)
„Вака изгледам јас кога ќе излезам од пабот по целовечерна забава“ – вели на шега една корисничка на Инстаграм што го погледна видеото од манекенката која едвај оди во претесните чевли за време на модната ревија на Valentino.
На модната ревија на Valentino за време на модната недела во Париз голем број од манекенките се сопнаа, паднаа или пак едвај одеа во чевлите што требаше да ги промовираат.
На социјалните мрежи масовно се споделуваат повеќе видеа од инцидентите за време на ревијата, а највпечатливо е видеото од една манекенка која едвај оди во чевлите на пистата.
Голем број корисници имаат свои одговори за тоа што се случило.
„Сите инциденти мора да биле испланирани, премногу беа“, „Чевлите ѝ беа премногу тесни и на крај мораше да ги соблече и да ја заврши модната ревија како кралица“, „Очекуваа дека таа треба да оди во премали чевли и не смее да рече ‘не’“, „Вака изгледам јас кога ќе излезам од пабот по целовечерна забава“ – се само дел од коментарите што се појавија на социјалните мрежи.
why is no one taking about what happened at valentino 😭 pic.twitter.com/sz63LaZGoy
— 🍸 (@discopiigs) October 4, 2022
Од друга страна, пак, претставници на модната куќа излегоа со соопштение да појаснат што навистина се случило:
„Оваа ревија беше претставена од професионални модели и обични девојки. По пробата, моделите беа прашани дали им се удобни чевлите и им беа понудени дополнителни опции. Дополнителнo на некои чевли беа додадени проѕирни ременчиња за безбедност.
Додека некои модели избраа да одат во чевли што се потешки за движење, ние се гордееме со тоа што тие чувствуваат дека можат да ги соблечат чевлите и да ја завршат ревијата“.
Погледнете уште видеа со инциденти од ревијата:
@maryvandermeersch Replying to @Elle ♬ I WANNA F GOVERNMENT HOOKER - ?
@myfashiondaily #valentinoshoes #parisfashionweek #valentino #valentinoshow #fashionweek #fasiondisaster ♬ original sound - MyFashionDaily
@aimeesong Replying to @t.von.torro sometimes it happens. #unboxingvalentino #valentinoss23 #fashionweek ♬ original sound - Aimee Song
Б. С. Б. | Црнобело