10 модни трикови за да изгледате како елегантна и префинета дама
Носете свилени марами, заменете ги јакните со капути од твид и вложете во квалитетна бела кошула.
Нема потреба да ја менувате целата облека или да потрошите мало богатство за да изгледате елегантно.
Сосем доволно е да обрнете внимание на некои ситници и да им дадете предност на некои модни додатоци.
Кои модни додатоци можат да ја претворат секоја комбинација во елегантна?
Носете свилени марами
Свилените марами се како симбол за елеганција, па не двоумете се дали да ги вметнете во вашите комбинации.
Можете да ставите марама на вратот, во косата, па дури и да ја врзете на чантата.
Единствено треба да одберете квалитетен модел и да се осигурaте дека принтот ќе се вклопува во вашата комбинација.
Дајте им предност на чантите со дефинирана форма
Наместо торби и чанти без одредена форма, секогаш давајте им предност на чантите кои имаат дефинирана форма.
Дури и ако станува збор за многу евтин модел, овие чанти секогаш изгледаат поелегантно.
Носете едноставни очила за сонце
Кога станува збор за очила за сонце, држете се до едноставните модели кои не се истакнуваат премногу.
Важно е очилата да немаат рамки со необични форми, како срциња, и да немаат многу додатоци кои се истакнуваат.
Генерално, одбирајте минималистички модели кои имаат една, најмногу две бои.
Носете капути од твид
Во студените месеци, заменете ги јакните со капути од твид ако сакате да изгледате елегантно.
Овие капути лесно се вметнуваат во сите комбинации и секогаш ќе ви дадат доза елеганција.
Исто така, и сакоата од овој материјал се одлични за постудените месеци.
Носете златен и сребрен накит
Ако сакате да изгледате елегантно, заборавете на шарениот накит и накитот со многу детали.
Секогаш ќе изгледате многу подобро со едноставен накит со златна или сребрена боја.
Покрај тоа, овој минималистички накит е многу полесно да го комбинирате, што значи шансите за грешка се многу помали.