Безвременски модни парчиња кои треба да ги имате во зимската сезона
Миди здолниште
„Шик“ и бескрајно носливо, миди здолништето е вистинска класика без која не може ниту еден гардеробер. Може да се носи преку целата година и е одлична алтернатива за тексас.
Плетен фустан
Скромниот плетен фустан е парче кое ве прави тренди, модерни и елегантни во исто време. Уште поважно, тој е неверојатно удобен и бескрајно разновиден.
Џемпер
Изберете неутрални и едноставни модели. Добро би било да имате барем три џемпери со различна дебелина, за да можете да се адаптирате на времето.
Можете дури и да ги носите како замена за јакни во потоплите денови.
Високи чизми
Високите чизми се најкласични од сите зимски трендови. На висока потпетица или рамни – изборот е ваш.
Кога сакате да облечете нешто пократко, тие се полн погодок. Спојте ги софистицираните и разновидни чизми со еднобоен мини фустан и хулахопки.
Чизми до или малку над глужд
Чизмите до глужд се одличен избор, особено за комбинациите што ќе ги изберете за после работа: ноќно излегување со пријателите или рана вечера. Искомбинирајте ги овие чизми со миди здолниште со висок струк и впечатлива чанта.
Мила М. | Црнобело