Безвременски модни парчиња кои треба да ги имате во зимската сезона
Кога станува збор за сезонската мода, не мора да ја менуваме целата гардероба за да изгледаме тренди, но неопходно е да ги поседуваме оние „клучни“ парчиња.
Овогодинешните трендови се разновидни, но сите имаат едно нешто заедничко: секое парче облека зрачи со безвременост и веројатно ќе можете да го носите во наредните сезони.
Со успешно креирање на вашата есенска гардероба, не само што ќе заштедите време и пари, туку и секогаш ќе изгледате стилизирано и ќе имате што да облечете.
Сепак, полнењето плакар бара да имате „маестрално око“, па издвоивме 9 безвременски парчиња за полн погодок оваа зима:
Кошула со копчиња
Кошулата со копчиња е основно и безвременско парче кое додава софистицираност на секој изглед и може да се комбинира на многу начини.
Белата и црната се бои кои лесно се вклопуваат, но дајте им простор и на кремастата, маслинестата, сивата или некој друг ваш избор.
Мокасини
Додека сме во сегментот на уличната мода – мокасините се тренд кој дефинитивно ќе сакате да го следите. Тие се удобни, но и даваат на облеката одредена структура и сензибилитет.
Широки панталони
Сметајте ги панталоните со широки ногавици за ваше тајно оружје. Дел се софистицирани, дел опуштени - а кога ќе го пронајдете совршениот пар, гарантирано ќе имаат видно место во вашиот плакар.
И не само оваа сезона, туку и во годините што доаѓаат.
Блејзер
Да, повторно имаме многу кожени, пилотски, моторџиски јакни... Но, блејзерите сепак се нешто што го носиме сезона по сезона. Приспособете го блејзерот на вашето тело и фигура и сигурно ќе биде парче кое постојано го носите.